11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Пенс: Американците се побезбедни откако е убиен Сулејмани

Американците се побезбедни откако претседателот Доналд Трамп нареди напад, во кој загина Касим Сулејмани, рече потпретседателот Мајк Пенс.

Тој во интервју за Си-Би-Ес, вели дека граѓаните можат да бидат мирни благодарение на раководството на претседателот Трамп, како и големиот професионализам што го покажа американската војска во последните неколку недели.

„И покрај иранскиот напад врз нашите бази, поради подготвеноста на нашата војска, нема жртви, ниту меѓу Американците, ниту Ирачаните. Ние се занимаваме со земја која повеќе од 20 години е водечки државен спонзор на тероризмот. Ние ќе продолжиме да бидеме подготвени и ќе продолжиме да се спротивставуваме на Иран начин кој го направи Трамп“, рече Пенс.

Тој додаде дека САД не бараат промена на режимот во Иран, туку промена во однесувањето на сегашниот режим./Makfax