16.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Педофилот од Србија открил како го грабнал девојчето и признал дека ја малтретирал

Српската полиција минатата недела, по долга потрага, го уапси српскиот педофил и киднапер, Нинослав Јовановиќ, познат во јавноста со прекарот малчански бербер.

Јовановиќ беше баран од полицијата 17 дена по киднапирањето на 12-годишната Моника Каримановиќ на 20 декември. Девојчето беше пронајдено на 29 декември, но манијакот, кој ја грабна, тогаш успеа да ѝ избега на полицијата. Непосредно по лоцирањето во една куќа во селото Малча, во близина на Ниш, тој беше уапсен во неделата.

Злосторникот во меѓувреме бил сослушан во полиција и им открил на инспекторите како ја грабнал и со што ја заплашувал Моника за време на киднапирањето.

Малчанскиот бербер дванаесетгодишното девојче го качил во автомобил додека таа одела на часови лажно претставувајќи се како нов електричар во училиштето. Кога девојчето сфатило дека мажот ја носи на некое друго место, тој ѝ рекол дека татко ѝ украл некои вредни предмети и дека ќе ја држи како заложник додека не ги добие назад, пишува „Блиц“, а пренесе „Индекс“.

Монструмот на сослушувањето признал дека девојчето го стрижел и малтретирал во повеќе наврати, а кога се обидела да му избега, тој се заканил дека ќе го убие татко ѝ.

Според пишувањето на „Блиц“, за каков монструм станува збор, говори и тоа што за малтретирањето на детето зборувал како да не е силување.

Според неофицијалните информации, малчанскиот бербер објаснил дека од крајот на јуни, кога го напуштил домот поради несогласувања со родителите, живеел во шумата и се хранел со плодови од околните полиња.

Наводно, немал намера да украде автомобил, но на тоа се одлучил кога забележал „фиат пунто“ додека барал храна на имот на роднина бидејќи знаел каде се клучевите за возилото.

Со украдениот автомобил Јовановиќ пристигнал во близина на малчанската јама, каде што, како што потврдил, првпат го истрижал и злоупотребил девојчето. Тие ја минале ноќта во импровизиран шатор, во вреќа за спиење.

„Тој сакал да продолжи со автомобилот, но удрил во дрво, па морал да го остави. Потоа заедно со киднапираното девојче оделе по пругата, која била затворена поради реконструкција, а на која на 21 декември ги видел човек, но не со посомневал во ништо бидејќи тогаш јавноста уште не знаела за киднапирањето. По пругата дошле до селото Миjковац, каде што ноќта јa минале во прзна куќа“, изјавил извор од истрагата за „Блиц“.

Потоа, Јовановиќ ја одвел Моника во селото Орешац затоа што знаел дека негов подалечен роднина таму има куќа во која никој не живее. Девојчето се обидело да избега од таа куќа, но не успеало во тоа.

„Излегла сама на улицата, но Јовановиќ ја стигнал и ја вратил. Исплашеното девојче плачело и го молело да ја пушти, но тој се заканувал дека ако не се смири, ќе го убие татко ѝ“, додал изворот, а пренесува „Индекс“./Makfax