24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Голем успех на хрватските лекари, прооде неподвижно дете

Неврохируршкиот тим во Клиничката болница во Загреб постигна голем успех.

На десетггодишно момче од Далмација, кое станало неподвижно поради ретка болест, му е вграден длабок стимулатор на мозокот. Само три месеци по операцијата, момчето е на нозе, пренесува ХРТ.

По пет години трагање, родителите на момчето, конечно, ја дознале дијагнозата.

Ретката болест дистонија е состојба во која мозокот нема никаква контрола врз мускулната активност и била причина за сите проблеми на нивниот син. Тие побарале спас од професорот Чуди во Клиничката болница во Дубрава. Нивниот син бил опериран пред три месеци, а резултатите, велат тие, се неверојатни. Момчето зборува сè поразбирливо. Тој седи сам, ги контролира движењата и оди.

Проф. д-р Дарко Чуди, шеф на одделот за неврохирургија при Клиничката болница во Дубрава, изјави дека очекува момчето да се осамостои и да има животни шанси како и сите други момчиња./Makfax