18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
СВЕТ

Четворица загинати на протестите во Виетнам

Најмалку четири лица загинаа во Виетнам кога демонстрантите ја нападнаа армиската зграда недалеку од воениот аеродром, соопшти денеска Министерството за јавна безбедност во Виетнам.

Од убиените најмалку тројца се полицајци.

Инцидентот се случил кога демонстрантите ги нападнале војниците со рачни бомби, гасни бомби и ножеви во селото Донг Там, недалеку од Ханој.

Притоа настрадале тројца полицајци и еден од демонстрантите, додека еден од учесниците е повреден.

Протестите се организирани заради прашања поврзани со сопственоста на земјиштето./Makfax