25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тековната истрага покажува дека украинскиот авион се запалил пред да падне

Украинскиот авион кој се сруши непосредно по полетувањето од аеродромот во Техеран, се запалил додека бил во воздух, потврди прелиминарна истрага.

Извештајот е направен од иранската организација за цивилно воздухопловство, повикувајќи се на изјави на сведоци кои биле на аеродромот.

Иранските истражители рекоа дека членовите на екипажот во ниеден момент не побарале помош преку радио врската.

Според тврдењата авионот се запалил уште пред да се урне, а падот предизвикал голема експлозија бидејќи при ударот во земјата авионот бил полн со гориво.

Во извештајот се наведува дека пронајдени се и двете црни кутии, иако некои делови биле оштетени, а делови од меморијата уништени.

Во несреќата на украинскиот авион загинаа сите 176 патници и членови на екипажот./Makfax