11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пресврт за авионската несреќа во Иран – Украина го повлече соопштението за причините

Амбасадата на Украина во Иран го замени соопштението за авионот што се урна во Техеран, Иран, во кое како причини за несреќата беа исклучени терористички или ракетен напад. Амбасадата во новото соопштение наведува дека причините за несреќата се утврдуваат, како и дека претходното соопштение за причините не е официјално.

„Информациите за причините за авионската несреќа ги утврдува комисија. Секое соопштение кое се однесува на причините пред одлуката на наведената комисија не е официјално“, соопшти украинската амбасада.

Во првото соопштение, кое беше објавено на веб-страницата на амбасадата, кое е отстрането, терористички напад е отфрлен како можна причина за падот, со наведување дека првичните информации сугерираат на неисправност на моторот.

Авионот „боинг 737-800“, кој со 176 патници и членови на екипажот се урна набргу по полетувањето, не прогласил тревога. Авионот се урна неколку часа откако Иран изведе ракетен напад на две бази во Ирак во кои се сместени американски војници во знак на одмазда за убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани.

Портпаролот на иранското Министерство за сообраќај, Касем Бинијаз, претходно соопшти дека на авионот му се запалил еден од моторите и дека поради тоа се урнал.

Иранската државна телевизија објави дека се пронајдени двете црни кутии, но дека нема да му нбидат предадени на производителот на авионот./Makfax

Спонзорирано: