20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тешко повреден пешак во Тетово

Педесет и седумгодишен маж од Тетово е тешко повреден откако во него удрило возило „ланчија“.

Според информациите на полицијата, несреќата се случила вчера во 16.40 часот на бул.„Маршал Тито“ во Тетово, кога возилото со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.К.(32) од село Глоѓи, тетовско, удрило во пешакот Љ.К.(57) од Тетово.

Во незгодата Љ.К. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничкиот центар Тетово за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово./Makfax

Спонзорирано: