Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Детали за трагедијата во Македонија: Еден почнат, двајца повредени а меѓу нив дете

Полицијата излезе со детали за големата трагедија во Струмица вчера, каде загина едно лице.

– Вчера во 13:20 часот на локалниот пат во село Доброшинци, струмичко, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода октавија“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.А. (62) од село Пиперево, струмичко и патничко возило „фолксваген шаран“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Е. М. (25) од село Градошорци, струмичко, велат од МВР.

Додаваат дека во незгодата починал возачот В.А., додека Е.М. и А.А.(16), сопатничка во неговото возило се здобиле со телесни повреди и биле пренесени во болницата во Струмица за укажување на лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

Можеби ќе ве интересира

БЕЗ ВОЗАЧКА, СО 2,75 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ: Маж осомничен за безобѕирно управување, сообраќајка, бегство од полиција, а откако го фатиле ги тепал полицајците

ДЕСК

Филипче: СДСМ се држи до суштината, правда наместо привилегии, солидарност наместо страв

ДЕСК

Филипче од Конгресот: „Твоја држава – твоја шанса“ е морален завет на СДСМ

ДЕСК