20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Првични резултати: Зоран Милановиќ е претседател на Хрватска – Во живо следете ја прославата

Според Државната изборна комисија на основа на 60 проценти од обработените избирачки места, Зоран Милановиќ добил 503.645 гласови, додека Колинда Грабар Китаровиќ добила 436.395 гласови. Новиот претседател на Хрватска е Зоран Милановиќ, покажуваат првите неофицијални резултати од вториот круг на претседателските избори што се одржаа денес.

Резултатите од изборите ќе бидат ажурирани на секои пет минути во текот на ноќта. Првите изборни резултати што ги објави изборната комисија во 20 часот, се на примерок од 53 проценти од гласовите. По објавувањето на овие резултати, започна прослава во неговиот штаб, а потоа и самиот Милановиќ се јави на социјалните мрежи и им се заблагодари на сите што гласале за него и учествувале во кампањата.