10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Уапсена американска актерка обвинета за убиство на мајка си

Актерката Моли Фицџералд (38), која имаше мала улога во „Капетан Америка“, е уапсена под обвинение дека до смрт ја избола својата мајка Патриција во Канзас.

Патриција била пронајдена мртва во својот дом на 20 декември, а ќерка ѝ била уапсена во вторникот. Таа е обвинета за убиство од втор степен.

Мотивот и точните околности како се случило убиството засега не се познати.

„Околностите не се важни. Во шок сме. Изгубивме сестра, во тоа е суштината“, рекол нејзиниот брат Гери Хунзикер за „Канзас сити стар“.

Моли Фицџералд е актерка, режисерка и продуцент, а во 2011 година се појави во филмот за суперхеројот „Капетан Америка“. Во тој филм таа работела и како асистентка на режисерот Џо Џонтсон.

Спонзорирано: