24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Птичји грип на фарми во Полска

Птичји грип е откриен во источна Полска кај мисирки, соопштија властите, а локалните медиуми објавија дека поради тоа може да бидат уништени 40.000 птици.

Во Полска, која е најголемиот европски производител на живина според „Евростат“, немало епидемија на птичји грип од 2017 година.

Претседателот на полското здружение на производители на живина изјавил дека три фарми можат да бидат погодени од епидемијата, при што се загрозени 350.000 птици.

Одржани се состаноци на кризни штабови, а на снимките од приватната ТВ-станица „Полсат“ се прикажани полициски автомобили што блокираат локални патишта.

Спонзорирано: