11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турција: Добил 11 милиони долари на лотарија, но наградата му пропадна оти не ја подигнал навреме

Националната лотарија на Турција ја поништи премијата на специјалната новогодишна лотарија од 2018 година во вредност од 11,7 милиони долари, бидејќи добитникот не се појави во предвидениот временски рок, јави Анадолија.

Националната лотарија на Турција соопшти дека го поништиле тикетот под број 7615536, бидејќи добитникот не се појавил до крајниот рок на 31 декември 2019 година.

Добитникот повеќе нема право да ја подигне наградата, а износот ќе биде префрлен во државната благајна и ќе биде искористен за јавни услуги.