17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Неапол запленети десетици тони огномет

Италијанската полиција во Неапол запленила десетици тони огномет во пресрет на новогодишната ноќ, соопштија денеска властите.

Во соопштението се вели дека во неколку акции биле запленети 52 тони пиротехника и дека биле уапсени 11 лица.

Полицијата извести дека најголемата количина огномет, околу 30 тони, во вредност од половина милион евра, била пронајдена во градчето Џулијано, недалеку од Неапол.

Агенцијата АП информира дека Неапол има долга традиција на приватни и јавни забави со огномет за новогодишната ноќ и дека често се случува луѓе да завршат со сериозни повреди во ова време од годината.

Минатата година 216 лица беа повредени од огномет во цела Италија и покрај забраната за негова употреба во многу градови.

Спонзорирано: