21.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пожар во американската амбасада во Багдад, се слушаат истрели и експлозии

Десетици гневни ирачки приврзаници на шиитите влегоа во американската амбасада во Багдад кршејќи ја вратата. Според сведоци, употребен е солзавец и се слушнале истрели од огнено оружје.

Според најновите информации, припадниците на обезбедувањето во американската амбасада во Багдад употребиле шок-бомби врз демонстрантите пред влезот во зградата на амбасадата.

Засега не се познати причините за пожарот, но се наведува дека маж стои пред зградата и со помош на мегафон извикува да не се влегува во неа и дека е испратена порака.

Двајца полицајци се повредени по фрлањето бомби во обид обезбедувањето да ги присили демонстрантите да се разотидат, изјавил сведок за „Ројтерс“.

Претходно, неколку илјади луѓе се собраа пред амбасадата за да го искажат своето незадоволство од американските воздушни напади во кои загинаа 25 шиитски војници.

Толпата викаше „Долу САД“ и „Смрт за САД“ и фрлаше пластични шишиња и камења врз амбасадата.

Некои учесници носат воени униформи и поставуваат шатори пред американското претставништво.

Во меѓувреме, амбасадорот на САД и службениците од амбасадата се евакуирани од зградата откако протестот ескалира.

Спонзорирано: