8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
СВЕТ

Полицијата во Подгорица со солзавец растера демонстранти незадоволни од Законот за вероисповед

Пред Храмот на Христовото воскресение во Подгорица полицијата во неделата навечер со солзавец ги растерала граѓаните собрани во знак на протест поради усвојувањето на Законот за слобода на вероисповед, пренесе порталот „Мондо“.

Според порталот, полицијата синоќа пукала со солзавец кон демонстрантите, а истиот се почувствувал и во околните станови.

Според „Вијести“, граѓаните одбиле да си заминат, по што полицијата во формација се упатила кон нив и дошло до меѓусебно туркање.

Како што пишува весникот, полицијата употребила сила за да ја растера толпата.

Дел од демонстрантите при повлекувањето со камења фрлале кон силите за безбедност.

Следел уште еден јуриш на полицијата, а по половина час просторот пред храмот бил расчистен.

Спорниот Закон за вероисповед во Црна Гора како државен имот прогласува верски објекти и земјиште што ги користат верските заедници на територијата на Црна Гора кои биле изградени од државата или биле во државна сопственост до 1 декември 1918 година, а за кои нема докази за правна сопственост на верските заедници.

Иако црногорските власти тврдат дека не станува збор за напад врз Српската православна црква (СПЦ) и дека имотот на српската црква не е доведен во никаква опасност, според српските медиуми, сè поизвесно е дека официјална Подгорица со законот ќе добие можност да стави рака врз светостите на СПЦ во Црна Гора, меѓу кои и на Острог.

Во собраниската сала, по усвојувањето на предлог-законот за слобода на вероисповед се случија сериозни инциденти, по кои беа уапсени членови на просрпската партија Демократски фронт./Makfax

Спонзорирано: