11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Возило удри во 79-годишен пешак во Скопје

Вчера во 14.30 часот на паркинг простор на булевар „Партизански Одреди“ во Скопје, патничко возило „тојота јарис“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ.(30) од Скопје, удрило во пешак Ж.С.(79) од Скопје.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, соопшти МВР./Makfax

Спонзорирано: