10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Српските пратеници расправаат за заедничкиот граничен премин со Македонија

Српскиот парламент денес почна расправа по предлог-законот за ратификација на договорот меѓу владите на Србија и Северна Македонија за воспоставување на заедничкиот премин Миратовец – Лојане.

Министерот за одбрана, Александар Вулин, вели дека воспоставувањето на граничниот премин ќе ги унапреди движењето на граѓаните и прометот на стоки меѓу двете земји и ќе го олесни сообраќајот преку заедничката државна граница.

Договорот предвидува дека заедничкиот граничен премин за меѓународен патнички сообраќај ќе биде изграден на територијата на Србија, општина Прешево, на подрачјето на населбата Миратовец.

Според министерот, во првата фаза заедничкиот премин Миратовец – Лојане ќе функционира како граничен премин за пограничен сообраќај на кој се вршат гранични проверки, а преминувањето ќе биде овозможено врз основа на лична карта или патна исправа.

Во неговата втора фаза заедничкиот граничен премин ќе функционира како граничен премин за меѓународен патнички сообраќај./Makfax

Спонзорирано: