11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
СВЕТ

Силите на Украина го прекршиле прекинот на огнот во Луганск

Силите на Украина го прекршиле прекинот на огнот во самопрогласената Луганска народна Република најмалку еднаш во изминатите 24 часа, изјави портпаролот на Заедничкиот центар за контрола и координација на прекинот на огнот.

„Бомбардирањето е насочено кон област во селото Нижније Лозовоје. Силите на Киев отворија оган од минофрлачи од 82 мм“, објави „Лугански информ центар“.

На состанокот во Минск на 17 јули членовите на контакт-групата за населување во источна Украина прогласија неограничен прекин на огнот во Донбас со почеток на 21 јули.

Договорот, пред сè, вклучува обврски на страните да преземат дополнителни мерки за да обезбедат придржување кон примирјето, а тоа е она што го бараа републиките во Донбас. Сепак, гранатирањата на контактната линија не престанаа./Makfax

Спонзорирано: