17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кривична за полицаец кој малтретирал жена приведена во полициската станица Цента

Одделот за внатрешна контрола поднесе кривична пријава против полицаец од полициската станица Центар, поради сомнение дека на 29. ноември годинава малтретирал жена приведена во станицата.

„Пријавениот полициски службеник на 28/29.11.2019 во ПС Центар врз приведено и задржано женско лице применил средства за присилба и физичка сила во повеќе наврати, без да бидат исполнети условите за употреба на средства за присилба“, се наведува во соопштение од МВР.

Полицаецот се товари дека сторил кривично дело „малтретирање во вршење на служба“, а тоа е утврдено и од увидот во видео записот од полициската станица, според кој евидентно е дека се исполнети елементите на кривичното дело.

Против полицискиот службеник е поведена и дисциплинска постапка за утврдување на одговорност./Makfax

Спонзорирано: