14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Две деца се удавија во река во Франција

Две деца од Косово, брат и сестра, на возраст од шест и три години, се удавија во надојдена река во западниот дел на Франција додека си играле во присуство на нивната мајка во градот Монбризон.

Според извештаите на француските медиуми, трагедијата се случила кога 35-годишна мајка од Косово ручала со своите деца во ресторан за брза храна по што ги однела да ги одведе да играат покрај реката Лоар.

Француските медиуми објавија дека најмалото дете прво паднало во вода. Потоа, сестрата се обидела да го фати, но водата ја повлекла и неа. Мајката скокнала по нив, но не успеала да ги спаси. Мајката е хоспитализирана, а обвинителството почна истрага и нареди обдукција на двете тела./Makfax

Спонзорирано: