29.8 C
Скопје
2. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ким одржа состанок за јакнење на војската

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун одржа состанок со највисоките воени претставници посветен на подигнување на воената готовност на земјата, пренесе новинската агенција КЦНА.

Како што пренесува Ројтерс, Ким претседавал со проширен состанок на Централната воена комисија на владејачката Работничка партија, на кој се разговарало за чекорите за „јакнење на севкупните вооружени сили, воено и политички“.

„Биле разгледани и прашања значајни за одлучно унапредување на севкупната одбрана на земјата и клучните аспекти на постијаниот и забрзан развој на воените способности за самоодбрана“ наведува КЦНА.

Во извештајот не е прецизирано кога бил одржан состанокот ниту што било одлучено.

Комисијата е највисоко тело на Северна Кореја за донесување одлуки за воени прашања. Ким е врховен командант на севернокорејската војска и претседател на Комисијата./Makfax