23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нотр Дам без миса за Божик за првпат по два века

Француската катедрала Нотр Дам нема да одржи божикна полноќна миса годинава, за првпат по повеќе од два века.

Во катедралата, која беше тешко оштетена во голем пожар во април годинава, за време на двете светски војни се одржуваа божикни миси.

„Ова е првпат по Француската револуција да нема полноќна миса“, рече пасторот на Соборниот храм, Патрик Шоув.

Поради реставрацијата што ќе потрае, мисите се одржуваат во црквата Сен Жермен Л’Оксерoa каде што привремено се преместени некои реликвии од катедралaта Нотр Дам./Makfax