30.8 C
Скопје
2. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Сенатот одобри големи промени за начинот на кој Американците штедат за пензија

Голема промена се најавува во начинот на кој Американците штедат за пензија, а која ќе биде преточена во закон. Американскиот Сенат го донесе Актот за безбедност, кој претходно беше усвоен од Претставничкиот дом и сега останува на претседателот Доналд Трамп да го потпише.

Законот за безбедност треба да им помогне на повеќе луѓе да издвојуваат повеќе пари за нивната пензија. Ова се постигнува пред сè со отстранување на некои од пречките што ги спречуваа луѓето да штедат за овие цели.

На малите бизниси им се олеснува здружувањето за да им понудат на своите вработени пензиски планови. Исто така, се отвора вратата за вработените со скратено работно време да добијат пристап до плановите за пензионирање каде што работат.

Покрај тоа, се поместува возрасната граница кога Американците ќе можат да повлекуваат средства од заштедите за пензија од 70 на 72 години, бидејќи луѓето живеат и работат подолго. Овие измени се сметаат за најголеми во законодавството за пензискиот систем од Законот за пензиска заштита од 2006 година./Makfax