11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Потпишан меморандум за поддршка на структурниот дијалог помеѓу МИОА и Фондацијата Отворено општество

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, и извршната директорка на Фондацијата Отворено општество – Македонија, Фани Каранфилова-Пановска, потпишаа меморандум за соработка.

Како што соопштија од МИОА, меморандумот за соработка е заложба помеѓу Министерството и Фондацијата да се овозможи суштинско и структурно учество на граѓанското општество во клучните секторски реформи како дел од процесот на пристапување кон ЕУ.

Преку проектот „Дијалог со граѓанските организации – платформа за структурно учество во ЕУ-интеграциите“, ФООМ ќе спроведува активности за зголемена видливост на секторските работни групи и активно ќе ја поддржува нивната работа преку обезбедување суштинско и структурно учество на граѓанското општество, имајќи ги предвид специфичните потреби на секоја секторска работна група.

МИОА во рамки на воспоставената соработка и партнерство, а во функција на структурниот дијалог ќе споделува и разменува суштински и релевантни информации важни за граѓанското општество за учество во секторските политики и националните консултативни процеси; ќе овозможи присуство на претставници од МИОА на работилници и конференции; ќе овозможи присуство на претставници и истражувачи, дел од граѓанското општество на секторските работни групи кои ќе изготват независен годишен извештај за работењето на секторската работна група.

Фондацијата Отворено општество – Македонија потпиша меморандуми за соработка и со Секретаријатот за европски прашања, Министерството за образование и наука, Министерството за правда и Министерството за труд и социјална политика, додека во процес на потпишување се и меморандуми со останатите линиски министерства кои се одговорни за работата на секторските работни групи.

Проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ-интеграциите“ е финансиран од Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, имплементиран од ФООМ во партнерство со Евротинк – Центар за европски стратегии, Центар за граѓански комуникации и Реактор – истражување во акција, додека соработник е и Секретаријатот за европски прашања.