9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Врховните судии предупредуваат дека Полска би можела да излезе од ЕУ

Полска би можела да ја напушти Европската унија поради предлозите за реформа во судството, предупреди државниот Врховен суд.

Предлозите би дозволиле судиите да бидат суспендирани доколку ја доведат во прашање ваквата реформа. Судиите тврдат дека се работи за закана по правната хиерархија. Според оваа хиерархија, европските регулативи се над националните.

Полска веќе е пријавена во Европскиот суд за човекови права поради новите правила за судии донесени од владата предводена од ултра конзервативната партија Право и правда. Судиите според таа регулатива можат да бидат казнети за политичка активност.

Владејачката партија минатата година го промени законот, во кој се вели дека повеќето судии што седат во тој совет сега се бираат во Долниот дом на парламентот, кој е под контрола на Право и правда.

Врховната судијка Малгорсата Герсдорф ги спореди предлозите на владејачката партија со воената диктатура во комунистичка Полска.

„Би побарала омразата кон судиите и судовите повеќе да не се користи како оружје во борбата за власт, особено затоа што репресијата, како и во 1981 година, би била тажен израз на недостаток на моќ, а не манифестација на моќ“, порача Герсдорф./Makfax

Спонзорирано: