17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Османи на средба со австрискиот амбасадор Вуцас

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со новоименуваниот австриски амбасадор Георг Вуцас.Главна тема на средбата беа перспективите за европската интеграција на Северна Македонија, при што Османи го запозна Вуцас и со новиот реформски план, кој е предвидено да се имплементира до март идната година, во пресрет на европскиот самит на Унијата.

„Австрија повеќепати ја има покажано поддршката за зачленувањето на Северна Македонија во ЕУ, овде ќе потсетам пред сè на заложбите во текот на австриското претседателство со Унијата, како и силната поддршка на Берлинскиот процес и, секако, за нас можеби и најзначајно во овој период е австриската поддршка и придонес кон Заедничкиот нон-пејпер за подобрување на процесот на проширување“, истакна Османи.

Во продолжение на средбата се разговараше и за билатералните односи помеѓу двете земји во областите на европските интеграции за поддршка на земјата во текот на преговорите со ЕУ, бидејќи, како што беше посочено, австриската поддршка на земјава е една од најдобро насочените и најдобро управуваните технички и финансиски поддршки кои ги добива земјава, а беа разгледани и можностите за нивно унапредување, особено во претстојниот период.