7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Во голема акција против италијанската мафија уапсени 330 луѓе

Италиjaнската полиција соопшти дека 330 лица, од кои дел се во Швајцарија, Германија и Бугарија, се уапсени во голема операција против мафијашката организација Ндрангета.

Ндрангета потекнува од Калабрија во јужна Италија, а се верува дека е најмоќната мрежа за организиран криминал во светот и водечки шверцер на кокаин во Европа.

Околу 260 лица се спроведени во затвор, а 70 се ставени во домашен притвор, соопшти денеска полицијата.

Осомничените се соочуваат со обвиненија за мафијшко здружување, убиства, рекет, трговија со дрога, перење пари, корупција и измама.

Полициската операција беше насочена против повеќе групи во провинцијата Вибо Валентија во Калабрија и откри нивни врски со локални бизнисмени, владини претставници, политичари и полициски службеници.

Како дел од операцијата, во која беа вклучени повеќе од 25.000 карабинери, на осомничените им е одземен имот во вредност од 15 милиони евра.