33.8 C
Скопје
16. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Четворица повредени во пукање пред трговски центар во Тексас

Четири лица, од кои двајца потешко, се повредени во пукање што се случило на влезот во трговскиот центар „Саут Парк“ во Сан Антонио, Тексас.

Во пукањето се повредени 17-годишно момче, девојка (19) и двајца мажи на возраст од 26 и 41 година. Полицијата трага за тројца осомничени кои отвориле оган во средата околу 21 часот, а потоа побегнале.

На местото на настанот пристигнале полиција и брза помош, а очевидците велат дека глетката била страшна.

„Слушнав како луѓето врескаат, плачат и молат за помош. Сите почнаа да бегаат, да се туркаат едни со други“, изјави Брајан Рејни, очевидец на пукањето.

Мотивот за нападот засега е непознат./Makfax