10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Повеќе од 50 поларни мечки влегоа во руски град, пред училиштата поставена стража

Град на крајниот североисток на Русија во последниве денови е преплавен со гладни поларни мечки поради невообичаено топло време, соопшти Светската фондација за природа (WWF).

Повеќе од 50 поларни мечки се видени во близина на Риркаипи, затоа што нема доволно ледена покривка во морските области каде што обично ловат овие предатори.

Сите јавни настани се откажани, а пред училиштата има чувари за да ги заштитат учениците од животни, јавува Би-би-си.

„Речиси сите мечки се слаби“, вели Татјана Миненко, која води група која се обидува да ги спречи средбите на мечките и луѓето, се вели во соопштението издадено од рускиот огранок на WWF.

Поларните мечки се вообичаени во областа, но реткост е во толку голем број да се спуштат во населени места во исто време, наведува организацијата.

Спонзорирано: