9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Жените во Словачка за абортус нема да мора да добијат согласност од мажот

Словачка го отфрли нацрт-законот со кој се бараше жените да направат ултразвук пред абортусот за да го слушнат чукањето на срцето на фетусот, но и да добијат согласност од мажот пред да биде одобрена постапката, јавуваат медиумите.

Предлог-законот беше поднесен од тројца членови на конзервативната Словачка национална партија.

За предлогот на спорниот закон беше дискутирано на почетокот од оваа недела и беше одбиен денес.

Повеќе од 30 организации, вклучувајќи ги „Амнести интернешнл“ и „Хјуман рајтс воч“, изразија длабока загриженост за ваквиот предлог-закон.

Тие предупредија дека доколку се донесе законот, Словачка ќе биде единствената членка на ЕУ што ќе наметне такви барања на жени во земји со легализиран абортус.

Спонзорирано: