Centar.mk
КУЛТУРА

Концерт на симфонискиот оркестар и хорот „Драган Шуплевски“ по повод 53 години Факултет за музичка уметност

В сабота во Концертната сала на НУ Филхармонија со почеток во 20 часот ќе се одржи свечен концерт по повод 53 години од основањето на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Факултетот за музичка уметност во Скопје е првата високообразовна и научна установа од областа на музичката уметност и балетската педагогија во Македонија во која досега дипломирале, магистрирале и докторирале над 3.000 студенти. На концертот ќе настапи Симфонискиот оркестар на ФМУ сочинет од студенти на додипломски и последипломски студии на ФМУ – Скопје. Во концертната програма ќе учествува и хорот „Драган Шуплевски“ на ФМУ, кој го подготви проф. м-р Сашо Татарчевски.

Со настапот на оркестарот и хорот ќе раководи маестро Борјан Цанев во чијашто богата уметничка кариера е долгогодишното раководење со Македонската филхармонија и концертите со познатите светски оркестри и реномирани солисти. На концертот ќе се претстават и студентите по оркестарско диригирање: Ана Спасовска и Бехар Весели од класата на проф. м-р Борјан Цанев, и Магдалена Кочоска од класата на проф. м-р Сашо Татарчевски.

На програмата се Увертирата од операта Грабнување од сарајот, Ave verum corpus, Tantum ergo B-dur и Симфонијата бр. 31 D-dur „Париска“ од Волфганг Амадеус Моцарт.

Влезот на концертот е слободен.

Можеби ќе ве интересира

Близу осумдесет ученици на средба со Стојан Тарапуза во „Матица“: книжарницата како простор за поезија, прашања и радост од читањето

ДЕСК

Дина Јашари ја слави годишнината на „Растенија без корен“ со регионална турнеја

ДЕСК

Излезе од печат нова книга по повод дваесетгодишнината од независноста на Црна Гора

ДЕСК