8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Србија прва во регионот ќе има борбени беспилотни летала

Првото оперативно вооружено беспилотно летало, што ќе влезе во вооружувањето на српското воено вооружување и ПВО, ќе биде „ЦХ-92А“, произведено во Кина.

Така, Србија ќе стане прва држава во регионот чија војска ќе биде опремена со вооружени дронови, изјави вршителот на должност помошник-министер за одбрана за материјални ресурси, д-р Ненад Милорадовиќ. Тој потврди дека целта на купувањето „ЦХ-92А“ всушност е комплементарната употреба со домашно развиениот, но сè уште незавршен дрон „Пегаз“ и што е поважно, трансфер на технологијата, кој би помогнал „Пегаз“ да напредува од својата почетна улога на извидувач до борбени способности.

Тој не го прецизира бројот на летала што ќе бидат набавени.

Беспилотното летало „ЦХ-92А“, според него, е слично на „Пегаз“, има 20 отсто поголема носивост на убиствени и електрооптички средства. „Пегаз“ на тој начин ќе добие кинеска, полуактивна ласерски водена ракета „воздух-земја“- „ФТ-8Д“, а подоцна, најверојатно, ќе бидат интегрирани српските убиствени средства што ќе користат технологии од ракетите АЛАС и ВРВЗ./Makfax