8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Facebook/printscreen
СВЕТ

Детали за смртта на несудената снаа на Рама – брат ѝ пронајден под рушевините во прегратка на мајка му

Во земјотресот кој се случи во Албанија загина семејството Реци, меѓу кои била и вереницата на синот на Еди Рама, а сцената која ја затекнале спасувачите била повеќе од потресна.

Семејството загинало кога шесткатницата во која живееле се срушил, а се се случило додека спиеле.

Вереницата на синот на Еди Рама, Грегор се викала Кристи Реци. Нејзината мајка Долорес била фризерка, а татко ѝ службеник. Спасувачите кои ги нашле телата, го затекнала нејзиниот брат кој имал 18 години во прегратките на мајка му.

Кристи Реци дипломирала дерматологија на Универзитетот во Тирана додека синот на Рама завршил на Академијата на уметности во Тирана. Рама низ солзи одбил да зборува за личните работи.

Инаку Кристи и Грегор биле во врска неколку години, но за неа малку се зборувало во јавност. Синот на Рама ја чувал подалеку од камерите, а за нејзината смрт се дознало кога тој објавил на Инстаграм.

„Меѓу многуте жртви на природната катастрофа, под рушевините е најдена мојата вереница, заедно со нејзиниот брат, мајка ѝ и татко ѝ“, напишал тој на Инстаграм.

„Само две тела се извлечени од рушевините“, напишал тој. Телото на Кристи и нејзиниот татко биле извлечени во вторникот.