Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Не запираат трагичните приказни: Во земјотресот загинала вереницата на синот на Еди Рама

Меѓу жртвите на разорниот земјотрес што ја зафати Албанија е и вереницата на синот на премиерот на земјата Еди Рама, пренесува РТВ2.

Веста за смртта на вереницата ја потврди и Грегор Рама.

„Меѓу многуте жртви на природната катастрофа, под урнатините е пронајдена мојата вереница, заедно со нејзиниот брат, мајка и татко“, напиша Грегор Рама на Инстаграм.

Кристи Реци (1995), која загина во земјотресот, дипломирала дерматологија на Универзитетот во Тирана, пренесува Косово-онлајн.

Според порталот, дури ни Еди Рама не можел да ги задржи солзите кога го прашале за веста што му ја пренел неговиот син.

Премиерот на Албанија порача дека не сака да зборува за лични работи.