10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турција уапси адвокат ангажиран од германската амбасада

Турција уапси турски адвокат кого го ангажирала германската амбасада во Анкара, изјави германски дипломат од Министерството за надворешни работи. Се оценува дека тој потег би можел да доведе до пораст на тензиите меѓу НАТО-партнерите.

„Интензивно се обидуваме да откриеме за какви обвинувања се работи и да му се укине притворот“, рекол неименуван германски претставник, оценувајќи дека притворот е „неразбирлив“.

Адвокатот е уапсен во средината на септември, рекол истиот претставник.

Германија го ангажирала адвокатот за собирање документи кои се однесуваат на турски државјани кои побарале азил во Германија, пренесуваат германските медиуми. Бројот на Турци кои бараат азил во Германија порасна по неуспешниот државен удар во земјата, за кој Ердоган тврди дека го планирале приврзаниците на свештеникот Фетулах Ѓулен од САД.

Односите меѓу Турција и Германија се затегнати поради германските критики упатени до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, поради тоа како се пресметал со неговите противници по неуспешниот државен удар во 2016 година и воената офанзива на Турција минатиот месец, против Курдите во Сирија./Makfax

Спонзорирано: