14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Родната куќа на Хитлер станува седиште на полицијата

Одлуката за иднината на родната куќа на Адолф Хитлер во Браунау, Австрија, по неколкугодишни судски процеси, конечно е донесена, во неа ќе се всели полицијата.

Зградата ја презеде австриската држава во август, а за новиот изглед на зградата ќе се распише конкурс за архитекти од цела Европа.

Во куќата, како што е решено, ќе се смести општинската полициска команда и полициската станица Браунау.

Одлуката е образложена со ставот дека на тој начин таканаречениот „нацистички туризам“ од цела Европа конечно може да се прекине.

Имено, нацистите од сите делови на Стариот Континент доаѓале во Браунау за да ја видат родната куќа на Хитлер, а Австрија смета дека кога полицијата ќе се пресели во куќата, неонацистите ќе ја избегнуваат.

Повеќе години државата водеше правен спор со сопственичката на куќата и, конечно, во 2016 година, парламентот одлучи да ја национализира зградата.

„Со тоа што полицијата во иднина ќе ја користи куќата, ние ќе испратиме недвосмислен сигнал дека на зградата ѝ се одзема од симболика на сеќавање на нацизмот“, рече министерот за внатрешни работи Волфганг Пешорн./Makfax

Спонзорирано: