14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Индија ѝ исплати аванс на Русија за „С-400“

Индија ѝ исплати 800 милиони долари на Русија за антиракетниот систем „С-400“. Директорот на „Росток“, Сергеј Чемезов, потврди дека Индија извршила уплата.

Тој рекол дека во тек се преговорите и дека точките од договорот ќе бидат исполнети до 2025 година.

Договорот за испорака на рускиот ракетен систем „С-400“ е потпишан минатата година на маргините на посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Индија.

Индија е редовен купувач на вооружување од Русија./Makfax

Спонзорирано: