Centar.mk
ЛОКАЛНО

ПОЦ: Санкционирани 331 непрописно паркирани возила во Центар

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција – Скопје во текот на изминатата седмица санкционираа 331 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

„Во периодот од 11 до 17 ноември, со помош на специјалните возила ‘пајак’ на ЈП ПОЦ отстранети се 182 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство блокатор санкционирани се 149 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани“ се наведува во извештајот.

ЈП ПОЦ и Општина Центар ги потсетуваат возачите да ги почитуваат сообраќајните правила со цел одржување ред и безбедност на улиците.

Можеби ќе ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје

ДЕСК

Известување за воведување на нов сообраќаен режим на новите семафори на крстосниците со булеварот “Македонија”

ДЕСК

ГРАДОТ СКОПЈЕ ЌЕ ПРСКА ПРОТИВ КОМАРЦИ: Авионска дезинсекција на 1 и 2 јуни

ДЕСК