9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Царовска: Речиси 700 фантоми, кои немаат документи, ќе добијат граѓански статус

Околу 700 лица, од кои повеќето деца, немаат извод од Матичната книга на родените и не се запишани никаде во системот, а со тоа немаат никакви социјални и здравствени права. Овој проблем ќе го решиме со предлог-законот што веќе го усвоивме во Владата, изјави министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, по средбата со граѓани од Шуто Оризари, кои го имаат овој проблем.

„Важно е дека во минатите 5-6 години се калкулира со разни бројки. Ние во проект од април до ноември 2018 вклучивме службеници и овластени лица, кои заедно ги попишаа овие лица и стигнаа до бројка од речиси 700“, изјави Царовска.

Таа нагласи дека со законските измени овие граѓани, кои се нарекуваат и фантоми, ќе стекнат својство на лице со посебен граѓански статус заради остварување право за образование, здравствена заштита, социјална заштита и вработување со задолжително социјално осигурување. Со ова, рече министерката, ќе се подобри и квалитетот на нивниот живот.

Министерката истакна дека ова е само прв чекор и се надева дека најбргу што може ќе се најде и трајно решение. Предлог-законот набргу ќе се најде на дневен ред во Собранието./Makfax

Спонзорирано: