20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Најмалку 27 мртви од громови во пакистанската пустина

Најмалку 27 лица загинаа од удари на гром на неколку локации во јужниот дел на пустинската област на Пакистан за време на обилни врнежи од дожд, соопштија локалните власти.

„Властите испратија екипи за спасување во пустината Тар во провинцијата Синд по трагедијата што се случи синоќа“, изјави портпаролот на провинциската влада, Саид Гани.

Неколку десетици луѓе беа повредени и однесени во болница, додаде тој.

Тие добиле повреди од удари на громови и уривање на куќите поради дождот./Makfax

Спонзорирано: