12.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
СВЕТ

Убиен уште еден командант на Исламски џихад

Радикалната палестинска група Исламска џихад објави дека во денешните израелски воздушни напади врз Појасот Газа е убиен уште еден нивен командант, Калед Фараж, јави телевизијата „Ал Мајадин“.

Во извештајот се наведува дека Фараж (38) загинал во воздушен напад недалеку од една фарма.

Палестинските групи и израелската војска разменија оган во текот на изминатите два дена, откако еден од командантите на Исламскиот џихад, Баха Абу ал-Ата, беше убиен во напад на Појасот Газа./Makfax

Спонзорирано: