21.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мотоциклист удри во паркирано возило во Штип и се здоби со тешки повреди

Вчера на улицата „Ванчо Прќе“ во Штип, мотоцикл управуван од 47-годишен штипјанец, удри во паркирано патничко моторно возило со штипски регистарски ознаки, по што падна на коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош, соопштија од полицијата.

На местото на несреќата извршен е увид./Makfax