18.8 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турција тврди дека заробила важна личност од Исламска држава

Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, денеска објави дека Анкара заробила важна фигура на Исламска држава во Сирија.

Тој рече дека истражните органи го испрашуваат осомничениот, без да го соопшти неговото име или детали за апсењето.

Турција соопшти дека уапсила неколку членови на семејството на убиениот водач на Исламска држава, Абу Бакр ал-Багдади, вклучувајќи и една од неговите сопруги, како и сестра и ќерка.

Земјата деновиве дава публицитет на напорите да ги фати припадниците на Исламската држава, по критиките дека нејзината неодамнешна воена офанзива во северна Сирија може да доведе до заживување на терористичката организација./Makfax