14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Повеќе од 1.600 повредени на протестите во Чиле

Најмалку 1.659 лица биле пренесени во болница со повреди здобиени за време на протестите во Чиле од 17 октомври досега, соопшти Националниот институт за човекови права.

Според институтот, 40 лица се здобиле со рани од огнено оружје, 473 лица се повредени со малокалибарско оружје, додека други 305 имаат рани од идентификувано оружје. За време на протестите биле приведени околу 4.364 лица, вклучувајќи 479 малолетници.

Во понеделникот масовните протести против социјалната политика на владата го погодија главниот град и другите градови во Чиле, на кои беа забележани судири со полицијата. Според чилеанската полиција, двајца полицајци биле хоспитализирани со сериозни изгореници на лицето, откако демонстрантите фрлиле молотови коктели кон нив.

Граѓанските немири избија во чилеанскиот главен град Сантијаго на 14 октомври откако властите ги подигнаа цените на метрото во просек за 30 пезоси (0,04 долари) на 850 пезоси (1,2 американски долари). Немирите подоцна се проширија во другите градови./Makfax

Спонзорирано: