10.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Притвор за маж што обивал автомобили во Скопје

Скопското Обвинителство поднесе обвинение против едно лице за тешка кражба.

Обвинетиот на 1 април, на паркинг во Градскиот парк во Скопје, со употреба на тврд предмет насилно го скршил стаклото од задната лева врата на автомобил „ауди А6“, при што одзел актовка, лаптоп, надворешен харддиск, кожено палто, шушкавец, пасош и други предмети во вкупна вредност од 100.000 денари.

На 7 октомври, на булеварот ВМРО, на сличен начин насилно го скршил задното лево стакло од паркиран автомобил „хјундаи“ со намера да одземе туѓи подвижни предмети, но во тој момент се појавиле случајни минувачи, па обвинетиот не ја реализирал намерата.

На обвинетиот му беше определена мерка притвор во траење од 8 дена, а надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на притворската мерка./Makfax