22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп вели дека Меланија не би се убила од плачење ако го застрелаат

Претседателот на САД, Доналд Трамп, наводно потврдил дека неговата сопруга Меланија не би се насекирала многу ако случајно биде застрелан, а „Твитер“ многу бргу го прифати тој коментар како прозорец кон многу дискутираниот брак на двојката.

Говорејќи пред републиканската публика на хуманитарен настан за собирање средства во хотелот „Трамп“ во Вашингтон во вторникот, Трамп го спомена застрелувањето на републиканецот Стив Скализ во 2017 година.

Трамп потсети дека кога го посетил Скализ во болницата, сопругата на политичарот се убила од плачење, реакција што тој очигледно не ја очекува од Меланија или од повеќето сопруги.

„Мислам, не многу сопруги би реагирале на тој начин на трагедија, знам дека мојата не би“, рекол тој.

Претседателот исто така се пошегува дека нема да го препорача застрелувањето како добар начин за губење на тежината – алузија на своите коментари во времето кога Скализ беше критично ранет дека тоа е пеколен начин да се ослаби.

Непотребно е да се каже, но коментарите на Трамп за наводната рамнодушност на Меланија предизвикаа моментна реакција на „Твитер“.

„Конечно, Трамп кажува нешто во што сите ќе веруваат“, напиша едно корисник на „Твитер“.

„Можеби ќе пушти солзи од олеснување“, предлага друг твит.

Сепак, еден корисник му го зададе можеби најнискиот удар од сите пишувајќи: „Меланија би плачела ако Џастин Трудо биде застрелан… чисто да споменам“./Makfax