13.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
СВЕТ

Пожар уништи 500 години стар дворец во Јапонија, светско наследство на УНЕСКО

Пожар изби на јапонскиот остров Окинава, при што зафатен е 500 години стариот дворец Шури, кој е светско наследство на УНЕСКО.

Според информациите, пожарот ги уништил сите седум главни објекти на дворецот. Пожарникарите се бореле со пламените јазици повеќе од 10 часа. Засега нема податоци за повредени.

Дрвениот замок изграден пред 500 години, бил речиси целосно уништен за време на Втората светска војна. Тој служел како кампус за најголемиот јавен универзитет на Окинава до 1970-те години и оттогаш е поплуарна туристичка атракција.

Пожарот избил рано утрово и се уште не позната причината за неговото избивање./Makfax

Спонзорирано: