20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пијаните возачи што ќе бидат фатени во Молдавија ќе работат во мртовечница

Работа во мртовечница и во болниците во иднина ќе биде казна за возачите што полицијата ќе ги фати пијани во Молдавија.

Земјата воведе нова програма за сузбивање на возењето под дејство на алкохол, а возачите што полицијата ќе ги фати пијани, ќе мораат да влезат во програмата за да не ја загубат возачката дозвола.

Програмата трае три месеци и се состои од 12 состаноци за време на кои лицето што направило сообраќаен прекршок помага во болничките установи при лекување пациенти повредени во сообраќајни несреќи, а предвидена е и работа во мртовечница.

Првиот дел од програмите почна неодамна во мртовечница во градот Кишињев, каде што учествуваа шест мажи осудени за возење под влијание на алкохол. Тие помагаа при испитување на лешевите и учествуваа во обдукциите допирајќи ги внатрешните органи.

„Ова искуство ме поттикна никогаш повеќе да не седнам пијан зад воланот, ова беше добра лекција. Мислам дека смрдеата од распаднатото човечко месо засекогаш ќе ја чувствувам“, изјави еден од учесниците во програмата./Makfax

Спонзорирано: