12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пукање на Ноќта на вештерките во Лос Анџелес, има мртви и повредени

Тројца убиени и девет повредени во пукање што се случило синоќа на забава за време на Ноќта на вештерките во куќа на Лонг Бич во Лос Анџелес, објави Си-би-ес.

Полицијата соопшти дека две лица со качулки на главите пукале на забавата. Се наведува дека осомничените сè уште не се фатени.

Противпожарната единица на Лонг Бич соопштила дека биле повикани да интервенираат синоќа пред 23 часот по локално време и дека пожарникарите затекле хаотична сцена.

Тие во куќата пронашле тројца мртви мажи и уште деветмина повредени, кои се пренесени во болница. Нивната состојба засега не е позната.

Соседите рекле дека слушнале пукање, а по десетина минути и полициски сирени./Makfax