16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ердоган: Турција не ја признава резолуцијата за Ерменците

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека парламентот во Турција ќе одговори на резолуцијата за геноцидот над Ерменците, што го усвои Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, како и на предлогот за воведување санкции за Турција.

„Турција не ја признава резолуцијата, која за Анкара нема никаква вредност“, рече Ердоган.

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои резолуција со која официјално го признава масовното убиство на Ерменците пред еден век, што било извршено од страна на Отоманската Империја, како геноцид, на што Турција остро реагира.

Усвоена е и резолуција со која претстедателот Домалд Трамп повикува на воведување санкции и други рестрикции за Турција и турските власти поради офанзивата на северот на Сирија./Makfax

Спонзорирано: